Реакција на Општина Прилеп по денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ –Прилеп

Општина Прилеп категорично ги демантира наводите на денешната прес конференција на о.к. на ВМРО-ДПМНЕ  од Прилеп. Согласно со Законот за средно образование во сите 5 средни училишта во градот, им е продолжен мандатот на досегашните вршители на должноста – директор.

Во основните училишта во градот, согласно со законската регулатива и прописи во тек се постапките за избор на директор врз основа на распишаните огласи од училишните одбори.

Во училиштата каде што не се распишани огласи, согласно со законот и според насоките од Министерството за образование и инспекторатот, градоначалникот Илија Јованоски именуваше нови вршители на должноста- директор.

Доследна примена на законите и одговорно работење се елементарни заложби на оваа власт. Што ќе рече, сосем спротивно од работењето на претходната гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ, која што ги остави во долгови и образовните институции, коишто главно се финансирани со буџетски пари.

Прес конференцијата на в.д. директорката на ОУ „Блаже Конески“, неодамна, која говори за неодговорното работење , ја отсликува во голема мера состојбата во прилепското образование цели 12 години, сè до доаѓањето на новата локална власт.

Секој друг атак врз работата на новата локална власт, градоначалникот Илија Јованоски и именуваните кадри е тенденциозен и необјективен, единствено во функција на дневно-политички маркетинг.