Почитувани граѓани,
Општина Прилеп со доаѓање на новата локална гарнитура и градоначалникот Илија Јованоски, во изминатите 10 месеци, интензивно работи на отстранување на пречките, и наследените колку финансиски, толку и технички проблеми од претходната власт. И покрај тоа, тече процесот на инвестирање во сите сфери. Образованието како значаен сегмент е финансирано и со општински пари.
Од општинскиот буџет за реконструкција и санација на училишните објекти се одвоени 20.6 милиони денари. Од нив 6 милиони денари се наменети за средните, а 14.600.000 денари за основните училишта.
Во изминатите 10 месеци, еве што е вложено:
- Основно училиште „Добре Јованоски“ – Прилеп
- Изградба на просторија за деца со посебни образовни потреби,
- Реконструкција на магацинските простории, на санитарните јазли, пренамена на малата спортска сала во училница, за што се обезбедени 1.070.000 денари од Општина Прилеп,
- Набавка на училиштен инвентар, вложени 300.000 денари од општинската каса,
- Набавка на лап топ компјутери за потребите на администрацијата и стручните служби, во вредност од 59.000 ден. средства од општинскиот буџет.
- Основно училиште „Гоце Делчев“
- Во тек реконструкција на тоалетите, за што се оддвоени 50.000 евра, општински пари.
- Гимназија „Мирче Ацев“
- Санација на санитарните јазли, инвестиција од 1.500.000 денари, општински средства
- СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“
- Реконструкција на внатрешната столарија – проект вреден 547.000 денари.
- Освен овие, реализирани се и бројни други инвестиции во училиштата:
- со донацијата на „Филип Морис“ во висина од 80.000 долари се реконструираат 4 училници со инвентар и санација на санитарните јазли, во СОЕПТУ „Ристе Ристески-Ричко“,
- со донација од амбасадата на Јапонија, во ОУ „Добре Јованоски“ во висина од 3.027.543 ден, се врши промена на алуминиумската со ПВЦ дограма.
- Што се однесува до училиштето во населбата „Сточен пазар“:
- нема пристапен пат, изградено е во ливада, на 50 метри од речен канал, поголем ризик за ученици –нема,
- нема водовод, одвод, нема струја,
- просторот не е ограден,
- проектот е целосно згрешен,
- штетен, колку за Општината, толку и за граѓаните,
- не ги исполнува елементарните прописи за изградба на училиште,
- објектот затоа не е предаден од изведувачот!
- За овој објект, којшто практично освен за магацински простор, според стручњаците, тешко дека нешто друго би можело да се користи, ексвласта на ВМРО-ДПМНЕ, со ексградоначалникот Марјан Ристески, треба да понесат одговорност!
- Затоа, навистина стануваат бесмислени прес конференциите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Јасно е и многу разбирливо дека не можат да се изборат за политичко место кај електоратот. Но, со ваквите “празни“ настапи, само придонесува за намалување на својот рејтинг.