Реакција

Почитувани,

Општина Прилеп најостро го осудува вандалскиот чин со кој синоќа непознати сторители го оштетиле споменикот на Александар Македонски, кој е поставен во центарот на градот, на плоштадот „Александрија“, кршејќи го неговото копје.

Случајот ќе биде пријавен во ПС Прилеп и очекуваме надлежните органи во најскоро време да ги пронајдат сторителите.

Исто така сакаме да истакнеме дека споменикот ќе биде саниран во многу краток период.

Ги повикуваме политичките субјекти да не го злоупотребуваат овој вандализам, извршен од наши несовесни сограѓани, за собирање на ситни дневно-политички поени.