Почитувани,
Вчерашната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по однос на поднесената кривична пријава за наводно сторено кривично дело од моја страна, претставува класична клевета, злоупотреба на моето име и нарушување на угледот и честа.
Донаторот сеуште го нема предадено предметното возило согласно Договорот, па аналогно на тоа нема ни записник за примопредавање, ниту пак постои можност за запишување на предметното возило како движна ствар во сопственост на Општина Прилеп. Со тоа, како градоначалник на општина Прилеп, немам направено повреда на чл.353 од кривичниот законик, ниту пак по било која основа е нанесена штета на општинскиот буџет.
Во интерес на вистината, јавноста треба да знае дека донацијата зависи од иницијативноста и желбата на донаторот.
Заради сето тоа, првенствено заради искажаната клевета од страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, односно нивниот портпарол Влатко Петкоски, очекувам во законски предвидениот рок од 48 часа, на истиот начин и во истата форма, јавно да се извинат. Во спротивно, ќе бидам принуден да поднесам тужба до надлежните институции.
Градоначалник на општина Прилеп
Илија Јованоски