Почетокот на работниот ден градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески го започна со работна – кафе средба со дел од вработените во ЈКП „Комуналец“. На средбата која беше во центарот на Прилеп, градоначалникот Јовчески од страна на вработените кои се работно ангажирани беше запознат со текот на градежните активности околу промена на оштетените плочки на дел од плоштадот „Александрија“.
Ова е еден од проектите кои во својата програма ги вети прилепскиот градоначалник а треба да се реализираат во првите 100 дена од неговиот мандат.
Во зависност од динамиката на одвивање на активностите околу промена на оштетените плочки планирано е да се работи и на „Арт“ плоштадот, плоштадот „Методија Андонов –Ченто“ како и во Старата прилепска чаршија.