Градоначалникот Илија Јованоски, денеска одржа работна средба со директорите
на основните училишта од општина Прилеп. Средбата се одржa на негова
иницијатива, во пресрет на почетокот на второто полугодие од учебната
2018/2019 година.
Градоначалникот и директорите разговараа за условите во кои прилепските
основни училишта го дочекуваат продолжението на школската година. Притоа,
беше потенцирано дека училиштата имаат обезбедено дрва и нафта до крајот на
грејната сезона и дека не постојат никакви посериозни проблеми за почеток на
наставата.
Во текот на утрешниот ден, градоначалникот Јованоски ќе оствари средба и со
директорите на прилепските средни училишта.