Градоначалникот Илија Јованоски, заедно со водителите Јана Серафимова и Ненад Георгиевски на денешната прес конференција пренесувајќи ги импресиите од првата фестивалска вечер, поделувајќи го мислењето и од други граѓани, истакнаа дека првата фестивалска вечер од традиционалниот 16 по ред „Пивофест 2018“ измина во убава атмосфера со добра забава и присуство на многу млади луѓе, особено пред сцената.
„Веќе во градот се чуствува фестивалската атмосфера, а за тоа придонесоа естрадните ѕвезди: Бени и ‘Нон-Стоп’, Дани, Тони Зен и секако Кирил Џајковски, на чија музика граѓаните се забавуваа. Се чувствуваше позитивната енергија кај публиката која остана до раните утрински часови. Исто така весело беше и на штандовите каде се точеше ладното пиво и се јадеше вкусна скара. Сите беа задоволни со оглед на тоа дека е прв фестивалски ден. Вечерва очекуваме уште подобра атмосфера, бидејќи започнува викенд. Најавени се гостувања на љубители на овој фестивал и од други градови. Сите ќе уживаат во настапите на: Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и Mossel, кои младите со нетрпение ги очекуваат“, рече градоначалникот Јованоски.
Според информациите од денешниот состанок со надлежните служби за непречена организација на манифестацијата, се измина во најдобар ред, без какви било инциденти. Службите беа на висина на задачата.
„Се надевам дека и останатите денови ќе биде така. Уште еднаш да ги поканам граѓаните на нашата земја да дојдат на ‘Пивофест 2018’ и овие три дена да се дружиме повеќе“, порача градоначалникот Јованоски.
Вечерва повелете на добра забава. Општина Прилеп во соработка со агенцијата „Ентфинити“ и за оваа вечер ќе се погрижи целата организација на фестивалот да биде беспрекорна.