Викендов во Прилеп ќе се одржи првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“ кој ќе се одржи, како предвесник на театарскиот фестива за возрасни “Војдан Чернодрински“. Фестивалот кој ќе се одржи на 31 -ви мај и 1 –ви и 2-ри јуни е во организација на Здружението на граѓани „Мал Прилепски Театар“, поддржан од Општина Прилеп и дел од прилепските стопанственици.
Оранизаторите на викенд театарското дружење за најмладите веруваат дека ова ќе прерасне во традиција за што доволна потврда е големата побарувачка на влезници за сите четири претстави.
„Поттикнати од идејата на МТФ„Војдан Чернодрински“, сакавме да направиме сличен фестивал, но за деца. Со овој фестивал сакаме да ги пораснеме децата во сериозни театарски критичари кои ќе знаат да препознаат квалитет. Целта ни е од најмали нозе да ја учиме публиката колку е важна културата и односот кон неа„, истакна Марија СпиркоскаИлиеска.
„Една од главните причини за нашето делување на овој начин е да ги оттргнеме децата од модерниот начин на живот. Животот не се случува само пред екраните на мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Претставите кои што ќе бидат дел од првото издание на овој фестивал се: ‘Црвенкапа’ од Театарот од Велес, ‘Малиот Принц’ од Театарот Сенки и облаци од Скопје, ‘Заборавените кукли’ од Театарот од Битола и ‘Грдото пајче’ од ТДМ од Скопје. Сите овие наслови се лектири во основно образование“, истакна Ангела Наумоска.
Оваа година на репертоарот на театарскиот детски фестивал „Силјан Штркот“ се претставите „Црвенкапа“ од театарот од Велес, која в петок, на 31 -ви мај, во 19,оо ч. во театарот “Војдан Черндрински“ќе го отвори фестивалот, в сабота,1-ви јуни , во 12,оо ч. во кино салата „Мис Стон“ е преставата „Малиот Принц“ на театарот на Сенки и облаци од Скопје, а во центарот на градот кај саат кулата во 20,оо ч ќе биде прикажана пртставата „Заборавените кукли“ од театар Битола, додека, в недела, фестивалот ќе го затвори претставата „Грдото пајче“ од театар за деца и младинци Скопје , која ќе се прикаже во театарот “Војдна Чернодрински“, во 19,оо ч.
Театарскиот фестивалот за деца “Силјан Штркот“ ќе биде збогатена и со други содржини пред свеченото отворање во театар Војдан Чернодрински ќе се одржи забава за деца со Lotus Lounge Chair, а специјална точка на отворањето на фетивалот, ќе одржат учениците од трето 3 и трето 4 од ООУ”Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп.
„Децата биле секогаш моја главна инспирација, на почетокот се вклучив само како спонзор, но покасно бев вклучена и во организацискиот дел во поглед на визуелизација и дизајн на самиот настан. Од неколку предлози го избравме овој, блиску до штркот и блиску до пролетта„, истакна Анита Гајтаноска од Lotus lounge chair.
Забава ќе има и во саботата по завршувањето на преставата “Заборавените кукли“ со група Тhe Four, а ќе се одржи и работилница театар на сенки.Во татарскиот фестивал со изработка на цртежи вклучени се и децата од градинките„Наша иднина“.
Како надополнување на содржинскиот дел на фестивалот изработена е маскота, ликовно решение кое го симболизира процесот на преобразбата на Силјан Штркот од штрк во човек и обратно, од страна на Александар Џинго и Бојана Мартиноска Трпческа.