Промени во советничкиот состав во редовите на владеjачката партија, на 47 седница на Советот на Општина Прилеп

Советниците на денешната 47 седница на Советот на Општина Прилеп на дневен ред ја донесоа одлуката за престанок на мандат на член во Советот на општина Прилеп и одлуката за верификација на мандат на нов член во Советот на Општина Прилеп.
Ваквата промена е направена поради преземањето на функцијата директор на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ – Прилеп од страна на Кире Јоноски, од редовите на владејачката советничка група на ВМРО – ДПМНЕ, и неговата поднесена оставка за советничкиот мандат, а на негово место е верификуван мандатот на Александар Алексоски, кој беше следен според советничката листа на од локалните избори во 2021 година.


Покрај промената во советничките редови, советниците одлучуваа и по други точки од дневниот ред. Тие денеска дадоа согласност за измена и дополнување на решението за формирање комисија за општествени дејности и права на децата, за измени и дополнувањата на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година, за измени и дополнувања на програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година, како и согласност за измени и дополнувања на планот на развојните програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година. Со мнозинство на гласови беше усвоена и предлог-одлуката за утврдување на приоритет на проектот “Изградба на фабрика за рециклирање на отпад„.
На денешната седница пред советниците, пред стартот на новата учебна година, се најдоа и беа разгледани годишните извештаи за работа за 2023/2024 година и годишните програми за работа за учебната 2024/2025 година на сите основни училишта во Општина Прилеп и беа прифатени од мнозинството советници.