На 21 март, паркот на Mогилата ќе биде место за радост, дружба и пролетно задоволство!
Општина Прилеп, заедно со основните училишта, организира Пролетен хепенинг како дел од иницијативата за создавање посветеност кон инклузивноста и заеднички активности по повод Денот на пролетта и екологијата.
Настанот ќе биде исполнет со многу забава и активности, вклучувајќи музика, игри, и најважно – засадување садници!
Придружете ни се и запознајте се со новото инклузивно игралиште, кое ќе биде место за радост и разигрување за сите наши мали и големи пријатели.
21 март, од 11 до 12 часот на паркот на Могилата.