Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 25-27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.
Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:
Четврток 25 август 2022г
- 3JECT (Македонија)
- МЕТАФОРМОЗА (Бугарија)
Петок 26 август 2022г
- Гордан Спасовски ТРИО (Македонија)
- SVETLOST+ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)
Сабота 27 август 2022г
- Grgur Savic&Vortex four (Хрватска)
- DRAMA QUARTET (Србија)
Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во старата прилепска чаршија.
24 август 2022г
Љубојна – концерт во старата Прилепска чаршија
28 август 2022г
Next to Silence – концерт во Cafe&bar ONYX
Недела 28 август 2022
„Кој тоа чука на Брбјанска Чука ?“ – музички перформанс на перкусионистот
Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука
Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп.