Прилеп се подготвува за „Пиво-Фест“ 2022, од 14-17 јули

Прилеп се подготвува за една од најголемите забавни манифестации во Македонија, Пивофест 2022 .


По тој повод градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, денеска оствари средба со претставници на организациската структура на претстојниот ,,Пиво-Фест” 2022, како и со претставници од надлежните институции и службите за безбедност.

На координативниот состанок стана збор за безбедноста на манифестацијата и начините како ќе биде организациониот дел, вклучително и организрање на чистотата на градот.

„По две години пауза и затворање на дуќани во старата прилепска чаршија, се надеваме дека ќе имаме успешен Пиво-Фест, кој ќе ја оживее локалната економија“- изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески.

Пиво-Фестот 2022 ќе се одржи од 14ти до 17ти јули.