„Прилеп – пријател на младите“, трибина во организација на крушевскиот Младински сојуз

Организацијата за млади „Младински сојуз“, синоќа во големата сала на Општина Прилеп одржа трибина на тема „Општина Прилеп – пријател на младите“.

Главната цел на проектот е развивање и градење компетенции кај младите луѓе, стремејќи се кон ефективно оценување на локалните младински политики и механизмите во нивните заедници. Истовремено, проектот има за цел да промовира активно учество на младите луѓе во локалните заедници за создавање градови, односно општини кои ќе бидат нивни пријатели.

На трибината учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Општина Прилеп, Советот на млади, младински организации, средношколци, студенти, членови на Советот на општина Прилеп и други граѓани.

Трибината беше дел од проектот „Град – пријател на младите“ кој се спроведува до општините Прилеп, Струга, Карпош и Кратово и е поддржан од амбасадата на САД во Република Северна Македонија.