Прилеп подготвен за чествување на градската слава Св. Никола

Во Прилеп сѐ е подготвено за одбележувањето на Св.Никола, патрон  парзникот на градот. По тој повод градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, ги поканува сите граѓани и добронамерници да дојдат во Прилеп, на 19 –ти декеврми и да присуствуваат на чествувањето на градската слава.

„Нашиот патрон празник  Св.Никола, заштитникот на градот Прилеп, е празник  на мирољубивост, смирение и љубов! Како Општина Прилеп, заедно со нашиот овогодишен домаќин, компанијата Комфи Ангел, го славиме со сета почит кон светецот. По тој повод,   на 19-ти декември на празникот Св Никола-Чудотворец, како градоначалник на Општина Прилеп Ве поканувам, да ја одбележиме градската слава во духот на заедништво, слога и взаемна почит .„- истакна тој

Чествувањето на празникот Св.Никола, започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски г- Петар , во Црковниот храм „Св.Блоговештение“ -Прилеп. Литија, во чест на Св.Никола Чудотворец, ќе се одржи во 11:00 часот од црквата Св. Благовешетение до Параклисот „Св. Никола“,  изграден во чест на патронот. Водосвет и прережување на празничниот колач ќе се изврши пред Параклисот на “Св.Никола„ во центарот на градот во 11:30 часот. А, потоа, за сите доборнамерници ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза, во центарот на градот, која ја подготви домаќинот на овогодишната градскта слава, компанијата Комфи Ангел – Прилеп.

По повод градската слава,  на плоштадот „Александрија“ за сите посетител, ќе биде организирана и пригодна, културно-уметничка програма.