На 4 мај одбележуваме два значајни датуми за Република Македонија, а тоа оваа година значи 120 години од загинувањето на Гоце Делчев и 111 години од загинувањето на Пере Тошев. Делегација од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, делегации на општинските училишта, политичките партии, Сојузот на борци од Прилеп како и претставници од МПЗ од Прилеп денес положија свежи цвеќина пред спомен обележјата на македонските револуционери во нашиот град.
Исто така по повод патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ се одржа и Свечена Академија во Домот на културата Марко Цепенков, каде што со пригодна програма подготвена од страна на наставниците и учениците од истоименото основно училиште беше одбележан овој значаен ден за ова наше основно училиште.
Градоначалникот Јовчески и директорката Снежана Котева исто така се обратија пред присутните и им го честитаа патрониот празник на училишниот колектив а исто така им посакаа многу успех во учењето на дечињата.
„Училиштето чиј патрон празник денес го одбележуваме го носи името на човекот кој целиот свој живот го посветил на идејата за слободна македонска држава. Денес 120 години по неговата смрт ги чествуваме неговите заложби и како народ ни претставува должност да ја следиме неговата идеја. Но за жал и во денешно време, во годината во која уште и одбележавме 151 година од неговото раѓање, мораме уште поцврсто сеуште да се бориме за зачувување на македонските национални интереси и зацврстување на нашиот идентитет. Пред неговиот лик и дело ветуваме дека од тоа никогаш нема да одстапиме.“ истакна градоначалникот Борче Јовчески.