Aнкета:Прилеп меѓу најчистите градови во Македонија!

Со цел да го зголемиме степенот на комунална хигиена во градот и да ги лоцираме точките каде што треба да се интензивираат активностите и ресурсите на комуналните претпријатија, меѓу другите мерки што се преземаат, денеска одлучивме да направиме анкета со случајни минувачи во центарот на градот, наши сограѓани. Според изјавите Прилеп е еден од најчистите градови во Македонија. Граѓаните ја поддржуваат и  еко – акцијата, што се спроведе викендот, а беше организирана од Општина Прилеп и јавните претпријатија. Во продолжение може да ја погледнете анкетата.

Почитувани сограѓани Општина Прилеп и јавните претпријатија постојат за да ги сервисираат потребите на граѓаните и правните субјекти на територијата на општината. За секој проблем сигурно дека има решение. Оттука за се што сметате дека е проблем во вашето комунално живеење, контактирајте ги службите во Општината и јавните претпријатија. Само така брзо и ефикасно ќе се дојде до адекватно решение и реализација.