Од 18 до 21 јули, Прилеп по 17-ти пат ќе биде домаќин на најголемиот фестивал на
пивото кој и оваа година ќе понуди повеќе видови пиво, скара и одлична музика во
изведба на еминентни музички имиња.
Градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција ја потврди
подготвеноста на градот за почеток на „Пиво фест“ и истакна дека ова година врз
основа на неформални консултации и анализи со граѓаните, угостителите и
институциите , локацијата останува непроменета, поради причини од безбедносен и
инфраструктурен карактер.
„Оваа година ќе биде малку поинаква и поразлична од претходната затоа што ќе
имаме повеќе брендови на пиво и пивари кои ќе бидат дел од овој фестивал.
Направивме можност со повеќе алтернативни простори и дополнителни содржини да
излеземе во пресрет на сите граѓани со цел задоволување на вкусовите на сите за
време за четирите фестивалски денови. Годинава нема да има огномет, дел од
средствата кои се наменувале за тоа ќе бидат подарени на Здружението на лекувани
алкохоличари од нашиот град, како поттик за нашите сограѓани и за здружението“
истакна градоначалникот Илија Јованоски.
Втора година по ред за организација на манифестацијата е задолжена aгенција која
одлучува за тоа кои ѕвезди ќе настапат на 4 те фестивалски вечери. Владимир
Мандичевски – Манде, од Баги Комуникации, кои се организатори на годинешното
издание на „Фестивалот на пивото 2019“ истакна дека се ивент агенција која дваесет и
девет години се занимава со организација на настани во државата, регионот и
пошироко.
„Голем предизвик е да се организира фестивал кој веќе 17 година направи своја традиција и регионално до Белград е најголемиот во целиот регион. Единствен ваков фестивал, поголем во целиот регион е белградскиот. Прилеп има можност да го завземе целиот регион со овој фестивал, веќе е во најголемите три во Македонија а можеби и најголем. Направивме таргет и избор на музика за исте генерации. Првиот ден фестивалот ќе го отворат Прилепски еснаф, потоа двете култните имиња во македонската традиционалната музика Селимова- Желчевски, гостите Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив а вечерта ќе ја затвори еден од најактивните рок бендови и најдобри Галија. Во петокот се Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и бендот Кантурови а последна настап ќе има балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ. Во сабота на што сум особено горд вечерта ќе ја отворат се The Houds, потоа е Влатко Стефаноски Трио, Фрајле и Тамара Тодевска. Последната вечер се The four, Кал бед, гостите од загреб Сања, Маринко и Зец од Нови Фосили и вечерта ќе ја затворат Cyrillic“, истакна Мандичевски.
За посетителите од другите градови и оваа година ќе биде организирано кампување
на паркот на револуцијата. Новините кои ќе ја збогатат програмата се наменети за
најмладите и за оние кои сакаат подобро да го запознаат Прилеп.
„Ставаме акцент на алтернативните зони и забави, зашто тие ни се можност после 17
години да го издигнеме на малку повисоко ниво овој фестивал. Имаме можност да го
развиеме креативниот, алтернативниот туризам и креативните индустрии преку овие
работи. Целта е да се привлече публика од различни возрасти, но и да се обезбеди
дополнителен пристап до вода во централното подрачје. Ќе биде поставена Пеин бол
арена, воведуваме игра „Пивопол“ и за прв пат оваа година правиме активна детска
зона. Во овој период се работи на Сервис на посетители, а ќе има простор за „Изгубено – најдено“. Безбедноста ќе биде на повисоко ниво, а ќе се постават поголем број на ВЦ кабини, вклучително и ВЦ кабини за инвалиди овој пат “ рече Јана Јанеска Ристески.
Како и претходните години, „Пивофест 2018“ ќе се одржи во центарот на градот, на
површина од 4.132 м2.