Премиерна изведба на „Викенд на мртовци“ од „Чин 4 сцена 5“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски синоќа  во  ЦК „Мрко Цепенков“  присуствуваше на премиерната изведба на претставата  „Викенд на мртовци“ . Театарската претстава која имаше хуманитарен каракрет е во изведба на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“, работена по текст на мајсторот на комедијата, Миле Поповски, во режија на Саша Нацевски.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски , ги поздрави присутните заблагодарувајќи се на училиштето за театар „Чин 4 Сцена “ за иницијативата, собраните средства да се доделата за хуманитарни цели.

Со средствата кои ќе се соберат од продажбата на влезници предвидено е да се инсталира лифт за лицата со хендикеп во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со цел да се олесни  пристапноста до  големата сала, да се промени дограма во дневниот центар „Ѕуница“ и да се набават 4 компјутери за потребите на посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски“.

Прилепчани досега покажаа огромна заинтересираност за оваа претстава која  предвидено е да има десет изведби. Во претставата „Викенд на мртовци“  покрај актуелните членови играат и ветерани  на театар „Чин 4 сцена 5“.