Повторена јавна презентација и јавна анкета

Се организира повторена јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 2, БЛОК, 2.11, КО ПРИЛЕП, ОПШТИНА ПРИЛЕП кој се наоѓа во централниот дел од градот Прилеп и го дефинираат следниве граници:

Опфатот се наоѓа во централниот дел од градежниот реон во Прилеп и истиот се граничи од северо исток со осовина на ул. “Круме Волнароски“, од југо исток со ул. “Мице Козароски – Јандре“, од југо запад со ул. “Прилепски бранители“, од северо запад со ново планираната ул. “Пецо Крстески Даскалот“. Опфатот е на просечна надморска восина од 654м до 658м, со благ пад од север кон југ од околу 1% што е поволно за решавање на комунална инфраструктура. Поточно највисоката висинска кота е на североисточната страна на самата раскрсница, која е со надморска висина од 658,61м, на спојот на ул. “Пецо Крстески Даскалот“ со ул. “Круме Волнароски“, додека најниската е на 654.48 која е на самата раскрсницана помеѓу ул. “Прилепски бранители“ и ул. “Мице Козароски – Јандре“. Опфатот е со скоро правоаголна форма, со мало искршување на северо западната страна по улицата „Пецо Крстески Даскалот“, така што од северозападната страна опфатот по должина на улицата „Пецо Крстески Даскалот“ е со должина од 275м, од северо источна страна по ул. Круме Волнароски“ е со должина од 292м, од југоисточната страна по ул. “Мице Козароски Јандре“ е со должина од 173м, додека од југо зпадна страна по ул. „Прилепски Бранители“ е со должина од 344м. Вака дефинираниот опфат има површина од 58509 м2, односно 5,85 ха, кој е потврден и со податокот од Изводот од ГУП.

Преземете ги одлуката, соопштението и планот.