Врз основа на член 50 од Законот за локална самоупрва (“Службен весник на РМ” број 05/02) а согласно Програмата за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп број 09-4248/14 од 28.12.2023 година и Правилникот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп, број 09-2844/5 од 23.08.2023 година, Општина Прилеп објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп
Опис на јавниот повик
1.1. Опшествена одговорност кон младите со цел нивно академско усовршување во Општината каде што живеат, како и обезбедување на социјална заштита на социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп.
Крајна цел на доделувањето на стипендиите е придонес на студентите кон Општина Прилеп за нејзина афирмација.
1.2. Јавниот повик ќе трае 5 (пет) денови, не сметајќи го денот на неговото објавување.
1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, огласната табла на Општина Прилеп,и на локалните електронски медиуми во Општина Прилеп
1.4.Доставените пријави согласно јавниот повик ги разгледува Комисијата за опшествени дејности и заштита на правата на децата на Советот на Општина Прилеп.
Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг-листа и му ја доставува на Градоначалникот на разгледување и одлучување.
Одлуката за доделување на стипендии која ја донесува Градоначалникот на Општина Прилеп ќе се објави и на веб-страната на Општина Прилеп.
Право на учество на јавниот повик
2.1. Корисници на стипендии за најдобри студенти се студентите кои вкупно ќе освојат најмногу бодови по основните критериуми:
-Постигнат успех во средното образование
-Доставени сертификати и дипломи од натпревари на државно ниво;
-освоени награди на меѓународни натпревари;
-добиени сертификати за признавање на странски јазици на повисоко ниво;
-добиени сертификати за познавање на работа со компјутери;
2.2 Корисници на стипеднии за социјално ранливи категории се студентите кои вкупно ќе освојат најмногу бодови по основните критериуми:
Постигнат успех во средното образование
Материјалните можности на студентот и неговото семејство;
За материјалните можности кандидатот доставува:
-Изјава на кандидатот под полна материјална и кривична одговорност за бројот на членови во семејството;
-Потврди за материјални можности и тоа:
- за вработените членови на семејството да се достави потврда за остварена плата за последниот месец, сметано до денот на поднесувањето на пријавата, или доколку до овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последно исплатената плата за оваа година (за родителите/старателите да се достави плата заверена од работодавецот);
- за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висината на последно исплатената пензија;
- за разведените родители да се достави доказ за разводот, односно ако апликантот користи алиментација од родителот, истата да се прикаже како месечен приход;
- за корисниците на социјалната помош да се достави последното решение за корисник на гарантиран минимален приход;
- за неработените членови на семејството на апликантот да се достават потврди од АВРСМ дека се невработени или примаат месечен надоместок по друг основ;
- за браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
- за родителите/старателите на кандидатот и другите членови на неговото потесно семејство се доставува Уверение од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи од претходната година: приходи од самостојна дејност, приходи од вршење на земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал;
Услови кои треба да ги исполни апликантот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп се :
-Да има живеалиште на подрачјето на општина Прилеп
-Да се запишал како редовен студент на прв циклус студии на Економски факултет Прилеп во прв уписен рок
-Да нема претходно добиено стипендија за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.
3.Начин на пријавување на јавниот повик
3.1. Пријавата за доделување на стипендии за најдобри студенти и за доделување на стипендии за најдобри студенти, апликантите ги поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата во затворен плик со намена “за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.
Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.
4.Начин на спроведување на јавниот повик
4.1. Советот на Општина Прилеп има формирано Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата
4.2 Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.
Комисијата некомплетните и ненавремни пријави не ги разгледува.
Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг-листа и му ја доставува на Градоначалникот на разгледување и одлучување.
4.3.Градоначалникот на Општина Прилеп врз основа на доставената ранг-листа од Комисијата донесува Одлука за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година.
За одлуката на Градоначалникот за доделените стипендии сите кандидати кои имаат поднесено пријава по јавниот повик ќе бидат писмено известени.
4.4.Против Одлуката на Градоначалникот на Општина Прилеп, кандидатите кои не добиле стипендија може да поднесат приговор до Комисијата во рок од 5 (пет) работни дена од денот на приемот на Одлуката. Надлежната Комисија ќе го разгледа приговорот за засегнатиот кандидат и ќе донесе Решение со коешто го прифаќа или одбива поднесениот приговор.Решението на оваа Комисија е конечно.
4.5.Одлуката за доделување на стипендии која ја донесува Градоначалникот на Општина Прилеп ќе се објави и на веб-страната на Општина Прилеп.
5.Начин на остварување на правото на надоместок
5.1. Градоначалникот на Општина Прилеп ќе склучи посебен Договор со избраниот кандидат за користење стипендија, во кој подетелано ќе се уредат начинот и условите на користење на стипендијата.
ГРАДОНАЧАЛНИК на Општина Прилеп
Борче Јовчески
ПРЕЗЕМИ Пријава за стипендии за најдобри студенти
ПРЕЗЕМИ Пријава за стипендии за социјално-ранливи категории на студенти
ПРЕЗЕМИ Изјава за давање согласност за обработка на лични податоци
ПРЕЗЕМИ Изјава за вистинитост на податоци (се заверува нотарски)
povtoren јавен повик за доделување на стипендии 2024 година 01.10.2024