ПОВИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ДО СИТЕ СТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ ОД ГРАДОТ

Почитувани,
Општина Прилеп поради успешно проектирање на секундарната гасификациона мрежа во градот, ги повикува стопанските субјекти да се вклучат активно преку електронско пополнување на формуларите Енергетска картица и Топлински трансформации, кои што се јавно достапни на веб страницата на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk

Врз основа на податоците добиени од оваа анкета, проектантите ќе ги одредуваат приоритетните локации за трасата на секундарниот гасоводен систем.

Од вас зависи развојот на гасоводниот систем во општина Прилеп.