Врз основа на челн 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.32/20), ГЛАВА 3-УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТИ од Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.225/20,219/21 и 104/22), барање за одобрување на урбанистички проект со бр.10-830/1 од 10.03.2022 година поднесено преку системот е-урбанизам, член 87 и 88 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на Република Македонија бр.124/15) член 50, Точка 16 од Законот за Локална самоуправа (Сл.Весник на Република Македонија бр.05/02) на ден 18.05.2022 година, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:
ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ
на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ПОДЗЕМЕН ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ И СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ПЕТТА ПРИЛЕПСКА БРИГАДА“, ОПШТИНА ПРИЛЕП
Се потврдува заверка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ПОДЗЕМЕН ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ И СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ПЕТТА ПРИЛЕПСКА БРИГАДА“, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со тех.бр. У-888/21 од февруари 2022 година изработен од Друштво за промет и услуги АСТРЕКС ДООЕЛ извоз-увоз Скопје.
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ПОДЗЕМЕН ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ И СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ПЕТТА ПРИЛЕПСКА БРИГАДА“, ОПШТИНА ПРИЛЕП е доставен преку информацискиот систем е-урбанизам со број на постапка 41224, со барање бр.10-830/1 од 10.03.2022 година.
Арх.бр.10-830/3
18.05.2022 година
Прилеп
ОПШТИНА ПРИЛЕП
ГРАДОНАЧАЛНИК
Борче Јовчески
Потврда за одобрување – ПеттаПрилепска
10-830-3 Потврда за заверка нова1