Врз основа на челн 62 и 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.32/20), ГЛАВА 3-УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТИ од Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.225/20 и 219/21), барање за одобрување на урбанистички проект 10-163/1 од 18.01.2022 година поднесено преку системот е-урбанизам, член 87 и 88 од Законот за општа управна постапка (Сл.Весник на Република Македонија бр.124/15) член 50, Точка 16 од Законот за Локална самоуправа (Сл.Весник на Република Македонија бр.05/02) на ден 14.04.2022 година, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:
ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ
на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП
Се потврдува заверка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со ТЕХНИЧКИ БРОЈ: 89/21 од НОЕМВРИ, 2021 изработен од Друштво за градежништво, трговија и проектирање ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп.
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП е доставен преку информацискиот систем е-урбанизам со број на постапка 39581, со барање бр. 10-162/1 од 18.01.2022 година.