Политика на приватност на Општина Прилеп

Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци од страна на Општина Прилеп.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Општина Прилеп, со седиште на ул. Прилепски Бранители бр.1 Прилеп е контролор на обработката на лични податоци. Ве молиме прочитајте ја оваа Политика и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.

ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Физички лица, баретели на услуги;
  • Физички лица, корисници на услуги;
  • Даватели на услуги кои се физички лица и/или вработени, овластени лица контакти во правни лица кои се наши даватели на услуги, добавувачи со кои соработуваме.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ ?

  • Податоци за физички лица: име и презиме, адреса, ЕМБГ, податоци за исплата, вид на договор и услуга, податоци за обезбедување на услугата, финансиски и даночни податоци, работна позиција.
  • Податоци од видео надзор: кои се собираат при посета на нашите простории. За вршењето на видео надзорот поставени се известувања во самите простории, како и општи информации во врска со видео надзорот.

ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Во директна комуникација со Вас лично, преку телефон, email или преку пошта.
  • Кога ги посетувате нашите простории преку систем за видео надзор.

ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Ефективно обезбедување на услугите на жителите на Општина Прилеп.
  • Да одговориме на прашања во врска со нашите услуги, други барања, предлози, поплаки.

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:

Вашата согласност – Ова се однесува кога Вие ги обезбедувате Вашите лични податоци и се согласувате ние да ги обработуваме со цел да Ви обезбедиме конкретна услуга.

Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста, со поднесување на барање во Општина Прилеп.

Колачиња се мали текстуални датотеки кои се сместуваат во Вашиот уред од страна на веб страните кои ги посетувате. Може да поставиме аналитички колачиња (овие се исто така познати како колачиња за изведба и ја мерат/снимаат Вашата интеракција со нашата страница за да можеме да направиме подобрувања) на Вашиот уред. Ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња на нашата веб-страница за повеќе информации за различните видови колачиња што ги користиме и нивната намена.

Нашите легитимни интереси – Ова се однесува кога Вие ни ги обезбедувате Вашите лични податоци и ние ги користиме за:

  • Може да ги користиме Вашите лични податоци за да можеме да го процесираме секое Ваше плаќање,
  • Да одговориме на Вашите прашања и барања.
  • Остварување на било какви правни барања или за статистички цели.
  • Обезбедување на физичка сигурност, заштита на имотот преку системите за контрола на пристап до нашите простории и видео надзор.

Оттука, овие лични податоци ги обработуваме единствено во согласност и врз основа на позитивните законски прописи и/или врз основа на Ваша изречна согласност. Со цел заштита на личните податоци преземаме соодветни технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита при обработката на личните податоци.

Нашите вработени се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Воедно, применуваме сигурносни мерки при собирањето, чувањето и обработката на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци.

КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?

Ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица, освен со Ваша согласност или врз основа на барање од полиција, суд, или друга институција во постапка предвидена со закон. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци не се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?

Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме законските обврски.

За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:

  • Целта поради која ги држиме Вашите лични податоци;
  • Нашите законски обврски поврзани со тие лични податоци, на пример обврски кои произлегуваат од финансиското работење
  • Законските обврски за чување на актите во кои се содржани Вашите лични податици , согласно Законот за архивско работе.
  • Секое конкретно барање од Ваша страна во врска со бришењето на Вашите лични податоци;
  • Кога колачињата се поставуваат на Вашиот компјутер, тие се чуваат онолку долго колку што е потребно за да ги постигнат своите цели (на пример, за времетраење на сесија за колачиња за кошничка или колачиња за идентификација на сесија). Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.

КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА

Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:

  • Право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци.
  • Право на пристап до личните податоци и добивање на нивна копија.
  • Право на исправка и бришење на личните податоци ако се нецелосни и неточни, се обработуваат на незаконски начин и целта на нивна обработка е исполнета.
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци, ако ја оспорувате нивната точност за времето кое е потребно да ја провериме нивната точност, обработката е незаконска, но се спротивставувате на нивно бришење и барате ограничување на нивната употреба, нема потреба да бидат повеќе зачувани од наша страна, но се потребни за остварувања на Ваши правни барања, се спротивставувате на нивната обработка врз основа на наши легитимни интереси се додека не се потврди дека истите преовладуваат над Вашите интереси како субјект на лични податоци.

КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?

Податоците кои се неопходни за реализација на услугите се задолжителни, во спротивно нема да може да се изврши услугата.

за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.

ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

За сите информации може да го контактирате Офицерот за зашита на личните податоци на Општина Прилеп Гордана Најдоска Матракоски , тел.075 342 524