Општина Прилеп во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општини, заврши со реализација на процесот на Форуми во заедницата.
Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на последователната (петта) форумска сесија која ќе се одржи на 28.03.2024 година со почеток од 11:00 часот, во просториите на Општина Прилеп, во Големата сала на Советот на Општина Прилеп.На оваа последователна форумска сесија пред учесниците ќе бидат презентирани резултатите од спроведените активности во рамки на процесот и имплементираниот проект како дел од грантовата шема, кој беше предложен, изработен и одбран од учесниците на форумот.
Ви благодариме за Вашето активно учество на форумските сесии кое придонесе за успешна реализација на форумскиот процес и реализација на избраниот проект.