Покана за јавна расправа

Се поканува заинтересираната јавност за јавна расправа која ќе се организира врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11).

Јавната  расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржи во:

  • Општина Прилеп на ден 13.03.2025 (четврток), со почеток од 12:00 до 14:00 часот, во Собраниска сала

Имено, Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (11-7663/1 од 10.12.2024 год.), отпочна процедура за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034) и подготви нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна (СОЖС).

Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП (https://moepp.gov.mk ) и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08.30 до 16.30 часот во текот на периодот за јавен увид (25.02.2024 – 25.03.2025). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението.

Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена и нацрт НСУТ може да се достават на следниот начин:

  • електронски на следните адреси: karanfilova@moepp.gov.mkи m.mihajlov@maneko.com.mk,
  • по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор за отпад).

Очекуваме со вашето присуство да продонесете кон развивањето на овој значаен документ за земјата.

Документи

Национална стратегија за управување со тиња 2024- 2034

National Sludge Management Strategy 2024-2034