Потпроект: „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“– општина Прилеп
Потпроект бр: LRCP-1/18-SG-39
Наслов на договорот: Изведба на градежни работи за реконструкција на улица и паркинг до комплекс со спорстски содржини, пешачка и велосипедска патека, Oпштина Прилеп
Референтен бр.: LRCP-1/18-SG-39-NCB/1
- Општина Прилеп доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија (aдминистриран од Светска банка) и има намера дел од добиените средства од овој подгрант да ги искористи за плаќања по договор за: Изведба на градежни работи за реконструкција на улица и паркинг до комплекс со спорстски содржини, пешачка и велосипедска патека, Oпштина Прилеп
- Кабинетот на Заменик Претседателот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори/Општина Прилеп објавува покана за доставување на запечатени понуди од прифатливи понудувачи за Изведба на градежни работи за реконструкција на улица и паркинг до комплекс со спорстски содржини, пешачка и велосипедска патека, Oпштина Прилеп.
- Процесот на понудување ќе се спроведе согласно методот “Национално јавно наддавање” согласно Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011 година, ревидирано јули 2014 година(„Упатства за набавки“) и е отворен за сите прифатливи понудувачи како што е наведено во Упатствата за набавки. Исто така, погледнете ги параграфите 1.6 и 1.7 за политиката на Светска банка за судир на интереси.
- Заинтересираните прифатливи понудувачи можат да добијат дополнителни информации од Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност во текот на работното време од 09:00 до 16:00 часот на адресата дадена подолу.
- Целосната тендерска документација е достапна на веб страната на Проектот за локална и регионална конкурентност: www.lrcp.mk.
- Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу. Електронско наддавање нема да биде дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат јавно отворени во присуство на назначени претставници на понудувачите и сите што ќе изберат да присуствуваат на адресата дадена подолу во 08.01.2020 во 11:00 часот.
- Сите понуди мора да бидат придружени со Гаранција за понуда во износ МКД 1.200.000.
- Адреса за контакт и доставување на понудите е:
Единица за спроведување на проектот
„Проект за локална и регионална конкурентност“
Адресирано до: Оливера Кржовска
ул. Мирослав Крлежа бр.60/1, 1000 Скопје
Тел: +389 2 3280 457
E-пошта: olivera.krzhovska@lrcp.org.mk