Оваа учебна година, учениците и наставниците во ООУ „Страшо Пинџур“ од с.Мало Коњари ја започнаа во подобрени услови.
Како што информираше директорката Ирена Кироска, во подрачното училиште во с.Големо Коњари целосно беше реконструиран подот и поставен ламинат, а во двете училишта во населените места Мало и Големо Коњари, поставени се и нови ролетни.
Во централното училиште во с.Мало Коњари уреден е дворот, поставена е нова ограда, целосно е санирана електричната инсталација, набавена е нова смарт табла и повеќе други наставно-научни помагала за унапредување на наставата и наставниот процес.
Благодарение на Општина Прилеп, обезбедени се финансиски средства и во тек се две постапки: прибирање на документација за изградба на повеќенаменско асфалтно игралиште во Големо Коњари и за обнова на фасадата во централното училиште во Мало Коњари.
Во централното улилиште при ООУ „Страшо Пинџур“ во с.Мало Коњари и во двете подрачни училишта во с.Големо Коњари и Кадино Село, оваа учебна година настава посетуваат вкупно 148 ученици.