Во интерес на добрата соработка помеѓу жителите и правните лица од Општина Прилеп, Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп се обраќа кон сите правни и физички лица одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса најдоцна до 31 Декември 2022 година. Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица.
Локална самоуправа – Прилеп
Одееление за администрирање на приходи