Почина Весна Ангелеска, членка на Советот на Општина Прилеп

Весна Ангелеска, советничка во Советот на Општина Прилеп почина
денеска на 50 годишна возраст. Ангелеска е родена во Прилеп на
05.10.1967 година. Дипломирала на Педагошки факултет 1995 година. Од
2009. таа беше магистер по Маркетинг менаџмент на Економскиот
факултет во Прилеп. Членка е на о.о. на СДСМ –Прилеп од 1993 година. Во
својата кариера бележи повеќе работни позиции и звања: одделенски
професор, сопственик на приватна фирма, координатор и асистент во
проекти на невладини организации за заштита на човековите права, член
на организацискиот одбор на театарскиот фестивал „Војдан
Чернодрински“, консултант и успешен локален менаџер за шведската компанија
„Орифлејм“.

Не само како советничка во овој состав на општинскиот Совет, туку и како
граѓанка, жена – хуманист Ангелеска имаше голем придонес во
општествениот живот во градот. Нејзиното заминување е голема загуба за
целата заедница.

Во чест и спомен на нејзиното дело и несебичен придонес во општество-
политичкиот живот, утре во 10ч. во собраниската сала на Општина Прилеп
ќе се одржи комеморативна седница, на која претставници на
општествено-политичкиот живот во Прилеп ќе ѝ оддадат почит.

Посмртните останки на Ангелеска ќе бидат погребани во 15ч. на старите
градски гробишта во Прилеп.