Општина Прилеп и Локален спортски сојуз-Прилеп, се организатори на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, кој што годинава ќе се одржи од 7 до 25 декември. Турнирот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести.
На турнирот учество ќе земат најмалку 32 екипи, во конкуренција на сениори, пионери (родени 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и помали) и ветерани (над 40 години).
Жребувањето ќе се одржи на 05.12.2018 во 18 часот во големата сала на Општина Прилеп.
Наградниот фонд на турнирот ќе изнесува 330.000 денари.
Котизација за екипи:
За сениори: 5.000 денари;
За пионери: 1.500 денари;
За ветерани: 3.000 денари.
Со уплата на котизацијата, секоја екипа има обврска да пријави најмалку 8 играчи во пријавниот лист.
Уплата:
Цел на дознака: Членарина за учество на турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“
Назив на примачот: Локален спортски сојуз- Прилеп
Сметка на примачот: 370051200218225
Банка на примачот: Еуростандард банка АД Скопје
Дополнителни информации:
Општина Прилеп – тел: 078361534, email: oppp@prilep.gov.mk.
Локален спортски сојуз – Прилеп- тел: 076542320