Пингпонгарите од пингпонгарскиот клубот „Младост 96„, како шампиони, денеска имаа прием кај градоначалникот, Борче Јовчески, со кога разговараа за нивните услови за тренирање и за постигнатите резултати. Пингпонгарите покажаа дека и со скромни услови, но со голема посветеност и љубов кон спортот, можат да се постигнат врвни резултати. Титулата, државен екипен шампион на Македонија во пинг-понг, во натпреварувчката 2022/ 2023 година, е голем и значаен спортски успех.
„Сите пингпонгари, на чело со вашиот стручен тим, ги заслужуваат честитки! Благодариме што пинг- понгот во Прилеп го поставивте на пијадесталот на успешни спортови. Се надевам дека ќе продолжите со напорната работа за повторно да се радуваме на вашите успеси и во идната натпреварувачка сезона, и се надевам дека пинг – понгот ќе го задржи своето заслужено место во поединачните спортови во Прилеп.“- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Пингпонгарите се пофалија со шампионаската титула, но и се пожалаа на условите за работа во салата „Партизан„, потенцирајќи дека често при обилни врнежите водата навлегува во салата за пинг-понг, иако пред неколку години таа беше реновирана. Градоначалникот, запознат со ситуацијата од последните обилни дождови кои го зафатија Прилеп, ги охраби пингпонгарите дека локалната самоуправа предидуваа проект за тој простор, да стане мултимедален спортски центар, и дека несомнено, место и подобри услови за тренинг и натпреври, тука, ќе имаат и пингпонгарските клубови од градот.
Инаку, Екипата на Младост 96 вторпат е шампион, по 2021 година, кога во финалето во Прилеп ја совлада екипата Младост од Прилеп.