Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески пред граѓаните на Прилеп во преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“, во присуство на претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците, директорите на јавните претпријатија и училишта, раководители, пратениците во Собранието на Република Македонија, градоначалници од соседните општини, како и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, го презентираше сработеното на Локалната Самоуправа на Општина Прилеп за изминатите две години.
„Со одговорно и чесно работење, после две години локална власт, успеавме вкупно преземените обврски од 292.562.164 денари и од крајот на 2021 год., до овој момент, да ги намалиме на само 47.085.000 ден. Со моето преземање на функцијата градоначалник општината имаше скоро 5 милиони евра долгови.Истите сега изнесуваат нешто помалку од 800 илјади евра. Со добро менаџирање штедевме и направивме подобра финансиска конструкција за квалитетен развој на Општина Прилеп. Како Локална самоупрва ја подобривме патната инфраструктура во општина Прилеп, извршивме обнова и реконструкција на детски игралишта и спортски терени, создадовме услови за почиста животна средина со редовно чистење на депониите, градежниот шут и речните корита, чистење на коритото од градската река по поплавите, нова водоводна и канализациона мрежа, со ефикасното справување со пожарите, со грижата за младите, стимулации за поголема популација и поквалитетна едукација, со подобрување на условите за живеење на лицата од третата доба, со субвенционирање на бесплатен градски превоз, со институционална и вониституционална грижа, и многу други проекти поврзани со општествено – културното живеење во Прилеп“ рече тој пред прилепчани.
Јовчески нагласи дека Општината најмногу инвестирала во образованието и во иднината на младите:
„Инвестиравме над 50 милиони денари од Буџетот на Општината во училиштата и ги поддржавме сите проекти кои основните и средните училишта ги реализираат, како во градот, така и во населените места, за поквалитетно образование и подобри услови за учење на нашите деца. Според потребите на училиштата, направени се реконструкции и рехабилитации на училници, ходници, тоалети, кабинети, канцеларии, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори, извршени се адаптации на неискористени простории. Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно – образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование во Општина Прилеп. Ние тоа го направивме, и продолжуваме да го правиме во интерес на иднината, во интерес на нашите деца.“- посочи првиот човек на Општина Прилеп.
Патната инфраструктурата е приоритет на локалната самоуправа истакна Јовчески на презентацијата и потенцира дека овие две години работа на Локалната самоуправа беа насочени кон подобрување и рехабилитирање на патиштата и улиците во општината.
„Рехабилитиравме и сме во завршна фаза на асфалтирање на вкупно 80.000м2 улици и патишта при што издвоивме 120.000.000 денари. Со цел да овозможиме подобра патна инфрaструктура во Општина Прилеп, затоа што без квалитетни патишта и улици нема добра комуникација. Во голем дел од тие улици во нашиот град се немало интервенирано повеќе од 30 години. Ќе продолжиме со рехабилитација на патиштата, особено во населените места и секаде онаму каде што е потребно и во оваа 2024 година“.
Посветеноста на работењето на Локалната самоуправа е насочено и кон животната средина.
„Благодарение на поддршката и амандманот во Собранието на нашите пратеници од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, обезбедени се 90.000.000 денари за изградба на фабрика за рециклирање на отпад во општина Прилеп. Секундарната селекција на отпад ќе значи заштита на животната средина, развојот на зелената економија, нови вработувања, но и почитувањето на законската регулатива од ЕУ во однос на правилното третирање и управување на отпадот. Јавното комунално претпријатие „Комуналец„ во изминативе 2 години во многубројни акции исчисти и депонира над 12 илјади м2 мешан комунален отпад, од дивите депонии. За време на поплавата само од речното корито, извадовме 4.000м3 мил и отпад. За прв пат исчистивме и дел од речното корито со механизација, за што беа вложени 3.000.000 денари. Заедно со Советот на Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ насадивме близу 5000 садници во околината на Прилеп, набавивме специјално возило за транспорт на заловени бездомни кучиња, преку Бирото за регионален развој , а преку проектот „Подобрено одржување на јавно прометните површини во град Прилеп “обезбедивме специјално комунално возило, цистерна за перење на јавно прометни површини.Се’за почист и поубав Прилеп„
Водата за пиење, несомнено е клучна за животот на населението,беше нагласено во обрајќањето на градоначалникот кој го искажа своето задоволство од работата на ЈКП „Водовод и канализација„-Прилеп
„За заштеда на водата и рационално користење, обезбедени се 7.000.000 денари и воведовме SCADA систем, со што добивме 24/часа секој ден, мониторинг на водоснабдувањето во Општина Прилеп. Реконструиравме 2540 метри водоводна мрежа и изработивме нови канализациони мрежи, во должина од 230 метри. Го започнавме и долгоочекуваниот проект, изградба на водоводна линија до манастирскиот комплекс „Трескавец“ за кој Општина Прилеп издвои 3.000 000 ден. Започнавме и веќе сме во завршна фаза со изградбата на водоводна мрежа и хидротехнички објекти во населеното место Канатларци, за што инвестиравме 18 милиони денари. Комплетирана е техничка документација и издадено е одобрение за градба за проектот „Реконструкција на стари градски извори – Лековски Извори„ и обезбедени се 1 милион евра од програмата за “Подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Македонија“. 10.000.000 денари се обезбедни и за Проект за зацевување на атмосферски канал на улица Александар Македонски и издадено е одобрение за градба. “ рече Јовчески
Набројувајќи ги проектите, како изградба на мултифункционално игралиште во ООУ „Добре Јованоски„, изградба на Инклузивно детско игралиште во паркот на Могилата на непобедените, ново возило за транспорт на храна, за ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп, Јовчески потенцира дека се води грижа и за социјалната заштита на граѓаните.
„И оваа година доделуваме еднократна парична помош од 6.000 денари за секое новороденче во општина Прилеп, во учебна година 2023/2024, за прв пат сите првачиња од основните училишта од општина Прилеп добиваат бесплатен оброк, за што од буџетот на општината одвоивме 3 милиони и 800 илјади денари. А наредната 2024/2025 бесплатен оброк ќе имаат учениците од второ одделение. Оваа академска, 2023/2024 година, за 20 најдобри студенти и за социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп, доделивме стипендии. За прв пат финансиска поддршка од 700 илјади денари беа доделени на 144 наградени средношколци и основци кои учествувале на меѓународни и државни натпревари. А, оваа година наградени ќе бидат и наставници во одделенска и предметна настава, во основните и средните училишта и воспитувачите од ЈОУДГ „Наша иднина“ кои дале посебен придонес во едукативниот развој на децата. Воведовме бесплатен јавен градски превоз за пензионери со ниски примања, кој го користат 1000 пензионери,го спроведуваме проектот „Помош и нега во домот“ за вонинституционално згрижување на 150 лицата од третата доба , помогнавме со околу 2 милиони денари директна финансиска еднократна парична помош на околу 400 ранливи категории семејства, и субвенциониравме 800 граѓани за набавка на велосипеди„
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески пред граѓаните, нагласи дека наскоро ќе биде пуштена во употреба и детската градинка во нас.Точила, но останува грижата и за старите лица.
„Се потрудивме максимално да се доизгради и да се корегираат сите недостатоци во проектот и да се исплатат досега веќе 80.000.000 денари, затоа што со моето преземање на функцијата, во градинката не беше исплатен ниту еден денар. Ги подобривме условите за живот на старите лица со два проекти во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“. Обезбедивме опрема за домот (кревети, масички, столици, плакари) во вредност од 5.000.000 денари и поставивме фотоволтаици и систем за топла вода на домот, проект во вредност од 7.000.000 денари.“
Јовчески потенцира дека во општина Прилеп непречено се одвива и процесот на легализација на бесправно изградени објекти, се подобруват условите за работа во ТППЕ Прилеп за безбедноста од пожари, ја истака ефикасноста во работењето на сите ЈКП, горд што Општина Прилеп беше претставена како успешен пример за квалитетно локално управување, „што не прави една од 10-те најуспешни општини во Република Македонија, во делот со предизвиците поврзани со капацитетите за управување со јавните финансии„– рече тој.
Поддршката на младите, спортот и културата беа дел од отчетот на градоначалникот Борче Јовчески за двегодишното работење на локалната самоуправа потенцирајќи ги низата манифестации кои го збогатуваат спортко забавниот живот во градот, а за крај беа презентирани и проектите предвидени на Општина Прилеп за 2024 година: Изградба на кружен тек на Булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кузман Јосифоски“ (на раскрсницата кај „Марко Цепенков“) проект кој што веќе се работи и е во тек, два нови кружни текови на ул. „Александар Македонски„ и „Димо Наредникот (раскрсницата кај населбата Димо Наредникот) и кружен на ул. Прилепски бранители и Булевар Гоце Делчев, (раскрсницата кај Апекс), изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, изградба на модуларна катна гаража на паркинг – просторот зад „Леоне„ и изградба и доизградба на ул. во индустриските зони „Металец„ и наспроти Жито Прилеп.
Целосното обраќање на градоначалникот Борче Јовчески и отчетот за двегодишното работење на Општина Прилеп го имате на следниот низата манифестации кои го збогатуваат спортко забавниот живот во градот, а за крај беа презентирани и проектите предвидени на Општина Прилеп за 2024 година: Изградба на кружен тек на Булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кузман Јосифоски“ (на раскрсницата кај „Марко Цепенков“) проект кој што веќе се работи и е во тек, два нови кружни текови на ул. „Александар Македонски„ и „Димо Наредникот (раскрсницата кај населбата Димо Наредникот) и кружен на ул. Прилепски бранители и Булевар Гоце Делчев, (раскрсницата кај Апекс), изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, изградба на модуларна катна гаража на паркинг – просторот зад „Леоне„ и изградба и доизградба на ул. во индустриските зони „Металец„ и наспроти Жито Прилеп.
Целосното обраќање на градоначалникот Борче Јовчески и отчетот за двегодишното работење на Општина Прилеп го имате на следниот ОТЧЕТ