Основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“ ја одбележаа 78 годишнината од смртта на своите патрони

Согласно протоколите за заштита од коронавирусот, основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“, денеска ја одбележаа 78 годишнината од загинувањето на своите патрони.

Во чест на двајцата загинати борци, делегација од Општина Прилеп и општинскиот Совет, како и делегации од основните училишта, денеска положија свежо цвеќе пред бистата во ООУ „Добре Јованоски“, пред споменикот на Рампо Левката во кругот на Основниот суд во Прилеп, на Могилата на непобедените и пред спомен обележјето во месноста Дабница.

Заради пандемијата со вирусот Ковид-19, основните училишта кои ги носат имињата на Добре Јованоски и Рампо Левката, годинава ја изоставија традиционалната програма за прослава на своите патрон празници, која вообичаено ја организираат наставниците и учениците во просториите на нивните образовни институции.

Две години пред конечното ослободување од фашистичкиот окупатор, на 19
септември 1942 година, во близина на Дабнички завој близу Прилеп, стрелани
се 19 борци од Прилеп и Дабница, помеѓу кои и двајцата патрони на двете
прилепски основни училишта.