Во пресрет на Денот на жената 8.Март, жените пензионерки од урбаните заедници
„Тризла 1“ и „Тризла 2“ денеска ја одржаа својата традиционална забава. Во име на
локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, на присутните
празникот им го честиташе Елена Ташкоска, член на Советот на општина Прилеп.
Таа рече дека борбата за остварување на правата на жената е процес кој трае и
дека таа борба никогаш не треба да престане. Во тој контекст, потенцираше
Ташкоска, жените од општина Прилеп секогаш ќе ја имаат поддршката и од
градоначалникот Јованоски, и од општинскиот Совет.
На осмомартовската забава присуствуваше и претседателот на Здружението на
пензионери на Прилеп, Славе Трајкоски. Трајкоски истакна дека со неговиот избор
за прв човек на прилепските пензионери, учеството на жените во органите и телата
на Здружението е значително зголемен и дека очекува тој тренд во иднина да биде
запазен.
Забавата по повод Денот на жената, беше збогатена со учество на КУД „Моминок“
од Прилеп.