Искинатото државно знаме е извадено од јарболот што се наоѓа во строгиот центар на градот, наспроти поранешната Градска кафеана. Оштетувањата се предизвикани од временските неприлики.
Општина Прилеп ги извести државните институции во чија надлежност е одржувањето на државните знамиња. Според информациите за краток рок на јарболот ќе се вее ново знаме.