Се известуваат граѓаните на Прилеп, дека денеска после започнувањето на полицискиот час, ќе се врши темелна дезинфекција на сите главни и споредни улици во градот.
Од тие причини, граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, со цел непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици.