Во тек се градежни активности околу санација на ударните дупки на повеќе градски
сообраќајници во Општина Прилеп. Моментално се работи на улицата „Трајко Николоски“ од спојот со улицата „Леце Котески“ до спојот со улицата „Александар Македонски“. Во наредните денови ќе се продолжи со санација на ударните дупки по должината на улицата „Војводинска“ и „Пере Тошев“. Целта за реализација на градежните активности околу санација на ударните дупки е да се подобри патната инфраструктура и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Престојниов период ќе бидат санирани ударните дупки во останатите делови од градот.