Со положување свежо цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата од страна на делегации на Советот на општина Прилеп, Амбасадата на Руската Федерација и Сојузот на Македонско – руски друштва во Северна Македонија, денеска беше одбележана 75-годишнината од победата над фашизмот.
Утрешниот датум, 9 Мај, Светот го одбележува како Ден на победата над фашизмот. На тој ден во 1945 година, со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна. Во неа учествуваа 61 земја со вкупно 2.1 милијарда жители, или 96% од светското население и во која животите ги изгубија повеќе од 50 милиони луѓе.