По повод одбележувањето на Денот на екологијата и Денот на пролетта 21 Март, во организација на Општина Прилеп, на Могилата на непобедените, кај новото детско инклузивно игралиште, се одржа „Пролетен хепенинг“ во кои учествуваа над 300 деца, ученици од сите основни училишта, вклучително и децата од посебните паралелки од ООУ „Климент Охридски“ и Здруженијата на лица со посебни потреби од Прилеп. Учениците засадија „туи“ и го облагородија просторот околу новото детско инклузивно игралиште, се дружеа, забавуваа и учеа дека меѓу нив нема разлика и дека заедно сите треба да се грижат за животната средина, парковските поршини и околината.
„Со „Пролетениот Хепениг“ на Могилата на непобедените, на новото инклузивно детско игралиште изградено преку проект „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“, се вклучуваме во глобалната програма за заштита на животната средина и активно ги вклучуваме сите деца во одбележувањето на Денот на пролетта и Денот на екологијата.“ – Истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески
По повод Денот на екологијата и Денот на пролетта исто така над 300 ученици и наставници од ООУ „Кочо Рацин“, заедно со општествено одговорните компании Тила и Дар Дам Градина, ЈКП Комуналец и ЈП Македонски шуми, зедоа учество во пошумување на опожарените површини во близина на манастирот „Св. Димитрија“, кај с.Селце.
„Посебно ми е драго што оваа идеjа произлезе од учениците, кои верувам дека знаат колкава е важноста од грижата за животната средина. На овој простор тие засадија 2000 автохтони садници „багрем”. Во оваа прилика им благодарам и на општествено-oдговорните компании од нашиот град, „Тила“ и „Дар Дам Градина“ кои помогнаа да се релизира оваа еко – акција. Но, посебно ми е драго што во пошумувањето се вклучени учениците од ООУ „Кочо Рацин“, бидејќи само преку вакви примери на младите, можеме да создадеме одговорни и совесни граѓани, кои ќе научат да ја чуваат природата и животната средина.“ – истакна при оваа прилика, Јовчески.
„Советот на Општина Прилеп покажа еден посериозен пристап кон грижата за животната средина. Ова е трета поголема акција на пошумување на голините околу градот, која Советот на Општина Прилеп, градоначалникот, ЈП Македонски шуми, општествено-одговорни компании ја имаат реализирано. Генералниот мотив на секој еден наш граѓанин треба да биде подобрување на квалитетот на живот, да се грижиме за животната средина, да не ја загадуваме. Овде нема политка, ова е долгорочна инвестиција во нашето здравје и здравјето на нашите деца. Браво за учениците!“ – рече претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Во рамките на одбележувањето на Денот на Пролетта и Денот на екологијата, ЈКП „Комуналец“ изврши чистење на дел од мини депониите околу градот, а учениците од сите основни и средни училишта зедоа активно учество во уредување и засадување на садници во училишните дворови.