По одржаната прес-конференција на опозицијата користејќи непроверени информации Општина Прилеп излегува со следното соопштение:
„По писмена пријава на 11.02.2022, градежната инспекција во склоп на Секторот инспекторат при Општина Припеп изврши увид на деловниот објект кај стар „Кам Маркет“ на ул. Кузман Јосифоски-Питу број 11/1 каде констатирале дека додадениот деловен објект е без одобрение за градба.
На 24.02.2022 година градежната инспекција изготвува записник и решение за отстранување на градба, по што инвеститорот ДПТУ „Марфил“ ДОО Прилеп поднесол жалба до второстепената комисија во Скопје, која на 18.04.2022 година ја уважува жалбата решението се поништува и се враќа на повтрно разгледување кај првостепениот орган (Сектор инспекторат).
Инспекциската служба повторно го разгледува барањето за отстранување на градбата, при што на 18.05.2022 година е изготвен нов записник, а по само една недела е донесено ново решение од страна на Секторот инспекторат при Општина Прилеп за отстранување на градбата.
Инвеститорот повторно се жали кај второстепениот орган во Скопје на ден 08.06.2022 година, со што на 18.07.2022 година, второстепената комисија повторно одлучува да ја уважи жалбата и да го поништи решението, односно одлуката на Секторот инспекторат.
Дека градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и инспекциските општински служби во врска со случајот кај стар „Кам Маркет“ не седат со скрстени раце, говори податокот дека веќе на 20.09.2022 е закажан трет инспекциски надзор на овој објект од страна на Секторот инспекторат.
Горенаведените факти и податоци се само потврда дека опозицијата во Прилеп се служи со лаги и клевети без проверени информации со цел да ја оцрнат работата на градоначалникот Борче Јовчески и општинската администрација.“
-се вели во соопштението на Oпштина Прилеп