Во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Прилеп како партнер-општина беше домаќин на менторска сесија на која беа презентирани клучните чекори во процесот на внатрешната ревизија, улогата на внатрешниот ревизор во општината, неговата соработка со највисокото раководство во општината и со раководителите на секторите и одделенијата во рамки на општината, како и соработката на внатрешниот ревизор со институциите во надлежност на општината.
Исто така се разговараше и за планирање на буџетот од родова гледна точка. На работната средба присуствуваа: Марина Јандревска-специјалист за финансии на општините при проектот на УСАИД и Кристина Хаџи- Василева – раководител на компонентата за планирање и извршување на буџет, а на истата ативно се вклучија раководни лица од Општина Прилеп, вработени во општина Прилеп, претставници од основни и средни училишта и претставници на јавни претпријатија и на јавни општински установи.
Повеќе од 30-ина учесници имаа можност да слушнат за значењето на внатрешниот ревизор за подобрување на севкупното работење на општината како и родовата рамноправност при реализирање на буџетскиот процес, односно да ја проследат видео презентацијата презентирана од страна на претставниците на УСАИД како и да бидат дел од практичната вежба за конкретната тема. Градоначалникот на општина Прилеп ги поздрави присутните и истакна дека Општина Прилеп секогаш ќе поддржува настани кои ќе придонесат за нејзино ефикасно функционирање и развој.