Општинскиот кризен штаб кој вечерва беше свикан повторно по иницијатива на
градоначалникот Илија Јованоски, побара помош од централниот кризен штаб,
општината да добие и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден за
справување со огнената стихија.
терен особено со пожарот кој се јави кај Смолани таму гори нискостеблеста
шума, а во опасност е боровата шума која може да биде зафатена и од тие
причини на денешниот кризен штаб се договоривме освен припадниците на ТППЕ и 30-мината припадници на Армијата, вработените во македонски шуми, активно да се вклучат и вработените од ЈКП “Водовод и канализација“ и “Комуналец“. Во исто време побаравме од централниот кризен штаб да имаме и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден и тоа на двата потега
Топлица – Ракле-Никодин и на потегот село Смолани, бидејќи тој е
единствениот начин да се локализираат пожарите. Исто така, во текот на
денешниот ден Министерството за внатрешни работи ги евакуира двете
инвалидизирани лица од Ракле и ги врати во своите домови, така што
опасноста од загрозување на човечкиот живот не постои, посочи
градоначалникот Јованоски.
Пожарот во делот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско е
локализиран.