Два милиона евра се легнати на сметката на Општина Прилеп, како надоместок од концесијата што македонско-турската компанија „Волостоун“ ја плати на државата за геолошки истражувања на мермер на локација во месноста „Самарница“ на територија на двете општини: Прилеп и Долнени. Од вкупно уплатените 7.3 милиони евра, Општина Прилеп согласно со законот добива пропорционален дел од 78 % од средствата што се уплакаат на сметката од државнкиот буџет. Според градоначалникот Илија Јованоски,овие 2 милиона евра ќе бидат наменети за реализација на нови инфраструктурни проекти и подобрување на квалитетот на животот во градот. Најавени се и нови вработувања.