Република Македонија а воедно и општина Прилеп како нејзин дел, припаѓа на умерено-континенталната клима. Општина Прилеп и околината се наоѓаат на надморска висина од 550-700 метри , а Прилепското поле го ограничуваат високи планини (1500м) коишто условуваат умерено-континентална клима.
Средната годишна минимална температура според мерниот пункт во Прилеп изнесува 6,1° додека пак апсолутната максимална температура изнесува до 39,4°. Овие температури се повисоки од апсолутните максимални температури во Струга, Ресен, Охрид и Битола.
Мразниот период варира од максимално 180 дена до минимално 136 дена, што е резултат на климатските движења во Пелагониската Котлина.
Прилеп со неговите значајни туристички локалитети има 203 денови со снег, додека Крушево 359. Малото количество на врнежи во текот на годината (500-600 мм) е услов за појава на послаби извори на вода.