Во Декевмри 2015 година од страна на Советот на Општина Прилеп усвоен е нов Генерален урбанистички план за град Прилеп, за плански период 2013-2023 година.
Oвој битен стратегиски документ дава насоки за правилен развој на градот преку сеопфатен пакет на мерки и стандарди потребни тоа да се постигне а исто така и овозможува поширока визија за правилното планирање на градот во наредниот 10-годишен период. Генералниот урбанистички план исто така ја прикажува пошироката визија за намената на градежното земјиште (приватно и во сопственост на државата), планираната инфраструктура како што е патната мрежа, комуналната инфраструктура (електрика, водовод, канализација и сл.) како и заштита на веќе изграденото културното наследство со вградување на посебни мерки и методи на заштита и конзервација .
Со новиот Генерален урбанистички план обезбедени се поголеми области за зоните за домување и индустрија, нови локации за изградба на објекти во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. За таа намена зафатени се нови 400 Ха.
Планирани површини според ГУП 2013-2023
Вкупна површина на опфат на градот: 1.928,80 Ха | |
А. Домување |
702,50 Ха |
Б. Комерцијални и деловни намени |
15,92 Ха |
В. Јавни институции |
30,85 Ха |
Г. Производство, индустрија и сервиси |
278,18 Ха |
Д. Зеленило и рекреација |
26,22 Ха |
Е. Инфраструктура |
11,40 Ха |
– Магистрални и собирни улици |
82,85 Ха |
– Водотеци |
10,59 Ха |
– Касарни |
24,62 Ха |
– Неизградено земјиште |
733,53 Ха |
Генералниот урбанистички план на општина Прилеп, како слика можете да го преземете со клик на линкот ГУП Прилеп.