Високо образование | Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола – Економски факултет и Институтот за тутун |
Средно образование
(4 години) |
Гимназија-општа насока и математичка насока
Трговско-економско училиште Тутунско-хениско училиште Медицински училишен центар Електро-машински училишен центар |
Основно образование
(8 години) |
7 основни училишта во градот
Музичко училиште |
Основно образование
(4 години) |
6 училишта во населените места |
Предучилишно образование | 4 детски градинки (деца од 9 месеци до 7 години – во групи) |
Основни училишта
„Блаже Конески“
Основното училиште Блаже Конески е сместено во населбата Точила и населбата Варош, каде има зграда во се изведува настава од 1 до 4 одделение и опфаќа учениците од двете населби. Во полето на отвореноста на училиштето за опфаќање на нови проекти минатата учебна година во училиштето започнаа да се реализираат активна настава во 5-то одделение по предметите Македонски јазик, биологија, историја географија и во 7-мо одделение, проектот. Наставата се изведува во две смени во зградата во населбата Точила. Во двете смени работат и забавишни групи. Во зградата во Варош има 16 кабинети за изведување настава.
Во 2002/2003 се запишани 1306 ученици распределени во 44 паралелки (од 1до 4 одд. се 21 паралелка од кои 4 се во населбата Варош, а од 5 до 8 одд. се 23 паралелки). Има 5 забавишни групи од кои едната е во зградата во населбата Варош.
Во училиштето се вработени: директор, педагог, психолог, библиотекар, 62 наставници, (од нив 12 се професори). Од нив 21 наставници се во одделенска настава ,5 се во забавишна, а останатите се во предметна настава.
„Климент Охридски“
О.У” Климент Охридски” се наоѓа во централното градско подрачје .Во него се организира настава за ученици од 1-8 одд. Во рамките на училиштето работат и посебни паралелки од 1-8 одд. во село Мажучиште. Наставата се изведува во две училишни згради со вкупно 28 училници и една зграда во с.Мажучиште. Наставата се изведува на класичен начин ( не во соодветни кабинети) со исклучок на предметот техничко образование за кој има опремено два кабинета и еден кабинет за истиот предмет за учениците од посебните паралелки. За наставата по физичко образование има опремена сала и асфалтирано ракометно игралиште. Во училиштето и работи и Стоматолошка амбуланта.
Покрај редовната настава во училиштето се реализираат и слободни ученички активности во кој членуваат голем број на ученици.
Во училиштето има 52 наставници од кои 13 се со високо образование и 7 дефектолози за учениците од посебните паралелки.
„Кире Гаврилоски“
Ова училиште е основано во 1962 година и тогаш броело 402 ученици.
Во учебната 2002/2003, училиштето брои 982 ученика плус 72 ученика од претшколска возраст. Има 36 паралелки и уште 3 групи од претшколска возраст. Во училиштето работат 46 просветни работници од кои 11 се професори и 35 се наставници. Наставата се одржува во кабинети.
„Добре Јованоски“
О.У “Добре Јованоски “Прилеп, лоцирано во МЗ Тризла, изградено е во далечната 1954 година и е едно од постарите училишта во општина Прилеп. Без малку половина век во старата училишна зграда до денес нема извршено никаква поправка, доградба или реконструкција. Во училиштето наставата ја посетуваат нешто повеќе од 1300 ученици, распоредени во 24 паралелки од 1-4 одделение и три забавишни групи.
Она што е специфично за ова училиште е националниот состав на учениците. Имено од 1-4 одделение од вкупниот број ученици 50%се Роми а од 5-8 одделение тој број се преполовува и изнесува 27%.Како проблем кој е карактеристичен за ова училиште и кој континуирано наназад е присутен е проблемот нередовноста на наставата посебно на еден дел од учениците од ромската националност. Само за илустрација ќе го наведеме примерот со петтите одделенија каде бројот на неоправдани изостаноци е најголем од кои 2/3 им припаѓаат на учениците од ромска националност.
Основна цел на сите вработени во училиштето е да се создадат услови за што е можнопоквалитетна настава и воннаставни активности.
„Гоце Делчев“
Основното училиште “Гоце Делчев” има започнато со работа во учебната 1974/75 година. Просториите и просторните услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и воопшто, на воспитно-образовниот процес.
Во училиштето се изведува настава од 1-8 одделение во 40 паралелки и забавиште со 3 паралелки . Тоа е опремено со неопходниот мебел и инвентар , адекватен на неговата
намена и истиот тековно се одржува.
Исто така во училиштето се организира и факултативна настава по предметот информатика и сметачи како и Германски јазик.
Училиштето Гоце Делчев е отворено за соработка со опшествената средина, во интерес на унапредувањето на воспитно-образовниот процес и активностите поврзани со програмата за работа.