Денеска во просториите на Општина Прилеп во присуство на невладини организации, претставници од бизнис секторот, стопанската комора, Советот на Општина Прилеп, директори на јавни институции присуствуваа на работилница за подготовка на Стратегијата за локален економски развој на Општина Прилеп. На самиот настан беше присутен и градоначалникот Борче Јовчески кој ги поздрави присутните како и иницијативата за ваков тип на работилница. На средбата беа претставени различни ставови, се дискутираше на определени теми во областа на: преработувачката индустрија, градежништвото, енергетиката, рударството, земјоделието, ИТ и туризмот.
Општина Прилеп заедно со УНДП и избраните консултанти од фирмата на БАСМЕ КТ ДОО Скопје ќе работат на изработка на Стратегијата за локален економски развој на Општина Прилеп во период од 2022-2027 година.