Одржана 32 – та седница на Советот на Општина Прилеп

Седницата на Советот на Општина Прилеп започна со утврдување на дневниот ред, а пред советнците се најдоа 25 точки. Советниците на Советот на Општина Прилеп на денешната седница ја усвоија предлог-одлуката за измени на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година и предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.


Мнозинството советници дадоа согласност на предложениот годишен план за измена на годишенот план за вработување во 2023 година на Општина Прилеп и согласност за годишниот план за вработување во 2024 година на Општина Прилеп, годишниот план за вработување во 2024 година на ЈКП ,,Водовод и канализација’’ Прилеп, на ЈКП ,,Комуналец’’ Прилеп, на ЈП за ПУП Прилеп и на ЈКП ,,Пазари’’ Прилеп.

Советниците на денешната седница дадоа согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари’’ Прилеп, за период од 01.04.2023 година до 30.06.2023 година и согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД ЕНЕРГО Прилеп, за истиот период.
Возилото за прифатилиште на бездомни кучиња со одлука на Совет му беше доделено на ЈКП ,,Комуналец’’ Прилеп, а беа усвоени и утврдени општинскиот линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп, како и тарифите за општинскиот линиски превоз за подрачјето на Општина Прилеп.

Останатите точки беа поврзани со усвојување на годишните програми за работа за основните и средните општински училишта и годишните финансиски извештаи на средните општински училишта за учебната 2023/2024 година. Советниците донесоа и одлука за отпис на расипаните и неупотребливи компјутерски системи и други електронски уреди на ООУ ,,Кире Гаврилоски Јане’’-Прилеп и ја усвоија предлог-одлука за откажување од корисничко право на градежно земјиште кое претставува КП 5788 КО Прилеп.

На 32-та седница на Советот на Општина Прилеп присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој одговараше на низа советнички прашања поврзани со опшественото живеење на граѓаните на Прилеп, а стана збор и за квалитетот на амбиенталниот воздух во Општина Прилеп, на што свое образложение дадоа од Инспекторатот на Општина Прилеп од секторот за животна средина.