Советот на Општина Прилеп на вчерашната седница донесе одлука да се запре објавувањето на Одлука со бр.09-1233/3 од 30.03.2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп и одлучи да не го потврди решението бр.03- 1321/2 од 06.04.2023 година на Градоначалникот на Општина Прилеп.
Советниците едногласно го усвоија Акцискиот и Локалниот акциски план на Општина Прилеп и ромската заедница, дадоа овластување за потпишување на Анекс на Колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп, согласност за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, како и согласност за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп.
Одлуката за расходовање и отуѓување на основни средства, на ЈП за ПУП Прилеп и одлука за давање согласност за отпис на основни средства и ситен инвентар на ООУ ,,Кочо Рацин’’-Прилеп, исто така беше едногласно усвоена.